Лондонскиот весник „Тајмс“ објави дека Финска и Шведска најверојатно  ќе се приклучат на НАТО уште ова лето.

Русија направи „голем стратешки гаф“ – пишува весникот, цитирајќи американски официјални претставници.

Тие додаваат дека членството во НАТО за двете земји било „тема на разговор и повеќекратни сесии“ за време на разговорите меѓу министрите за надворешни работи на Алијансата минатата недела.

Весникот наведува дека на разговорите присуствувале и претставници од Шведска и Финска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.