Израелски војници, во два одделни инциденти, убиле две Палестинки во Западниот Брег.

Во Хеброн израелски војник усмртил жена која го нападнала со нож.  Војникот е полесно повреден.

Во Витлеем е убиена жена, која според израелската армија се однесувала сомнително. Таа и покрај предупредувачките истрели во воздух не застанала.

Во изминатите две недели во Западниот Брег се регистрирани четири напади во кои загинаа 14 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.