Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за „Си Ен Ен“ обелодени дека Алијанста обучувала десетици илјади украински војници кои се спротивставуваат на руските сили.

Мора да се има предвид дека сојузниците на НАТО – САД, Велика Британија, Канада и некои други – со години обучуваат украински војници. Затоа, десетици илјади украински војници „обучени од сојузниците на НАТО“ сега се на линијата на фронтот и се борат против руските сили. Вооружените сили на Украина се многу поголеми и подобро опремени и обучени, тие се подобро водени од кога било порано – изјави Столтенберг.

Генераланиот секретар на НАТО, во интервјуто, не сакаше детално да одговори на прашањето дали сојузниците на НАТО планираат или испорачуваат тенкови од советско производство во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.