Кустос водичот Бојана Јанева од нашиот Музеј на современата уметност – Скопје беше избрана од Управниот одбор на Балканската мрежа на музеи да земе учество на годинашната Меѓународна музејска конференција за заштита на културното наследство во време на криза, која се одржа во Тиват, Црна Гора.

„Ми претставуваше голема чест што бев избрана да ја претставам работата на Одделот за едукација и стручно водење при МСУ-Скопје, каде зборував за мојата музејска пракса при водење музејски тури пред поширока публика. Особено сум задоволна и благодарна за реакциите на моите колеги од другите музеи во регионот по претставувањето, со кои почнавме да договараме можни соработки и продлабочена размена на знаење, искуства и споделени музејски пракси.“, вели Јанева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.