Работилница за цртање манга ликови со Тања Вукобрат ќе се одржи денеска со почеток во 13 часот во КСП Центар Јадро. На оваа работилница ќе бидат претставени најспецифичните анимирани ликови кои ни доаѓаат од манга стриповите. Иако многумина мислат дека постои само еден манга стил и на прв поглед изгледаат многу слично, всушност постојат илјадници стилови и начини како може да се осмислат и креираат ваквите ликови.

Учесниците на работилницата ќе можат да научат да создаваат свои уникатни ликови под менторство на Тања Вукобрат. Бројот на учесници е ограничен, a цената за учество е 100 денари.

Тања Вукобрат, родена во Скопје, е дипломиран графички дизајнер на Факултетот за Арт и Дизајн на Европскиот Универзитет. Како фриленс илустраторка работи веќе десет години, а најчесто изработува детски илустрации и корици на книги. Досега соработувала со издавачките куќи „Просветно Дело“, „Чудна Шума“, „Или-или“,  „Македоника Литера“ и „Арс Ламина“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.