Рускитe хеликоптери Ка-52 се во состојба да ја запрат контраофанзивата на Вооружените сили на Украина, пишува германскиот весник „Дер Шпигел“.

Колку подолго трае војната, толку подобро руската армија се прилагодува на тактиката на вооружените сили на Украина и ги напаѓа. Сега над украинската пешадија лебди моќен непријател – рускиот хеликоптер Ка-52, познат како Алигатор. Тоа е еден од најдобрите борбени хеликоптери во светот“, се наведува во написот на германскиот весник.

Според авторот на текстот, руското оружје се покажало одлично за време на контраофанзивата на војската на Украина.

Како што се наведува во текстот, украинските трупи не можат слободно да се движат поради многубројните утврдени руски позиции, па лесно стануваат мета на руските хеликоптери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.