Во САД, за еден месец, нагло се зголемила поддршката за обезбедување оружје за Украина од 46% на 65%.

Како што објавува „Ројтерс“, трансферот на оружје е поддржан од 81 отсто од демократите, 56 отсто од републиканците и 57 отсто од независните.

Анкетата спроведена во соработка на „Ројтерс“ и „Ипсос“ покажала дека 76 отсто од испитаниците веруваат дека вооружувањето на Украина им покажува на Кина и на другите американски ривали дека САД имаат „волја и способност да ги заштитат своите интереси и интересите на своите сојузници“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.