Процесот на пристапување на Украина кон ЕУ не може да се забрза, независно руската инвазијата, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, додавајќи дека Унијата мора да изнајде „брз и прагматичен“ начин како да му помогне на Киев.

Нема кратенки на патот кон ЕУ – рече Шолц додавајќи дека исклучок за Украина би бил неправеден кон земјите од Западен Балкан кои исто така бараат членство.

Процесот на пристапување не е само прашање на месеци или години, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.