Во денешниот извештај на Министерството за одбрана на Велика Британија, фокусот е на наводното отпуштање на руски високи армиски команданти, затоа што не постигнале добри резултати во војната во Украина, јавија британски медиуми.

Лицата за кои се верува дека се отпуштени од рускиот претседател Владимир Путин, се генерал полковникот Серхиј Кисел, кој командуваше со елитната 1-ва гардиска тенковска армија, бидејќи не успеа да го освои Харков, потоа вицеадмиралот Игор Осипов, кој командуваше со руската Црноморска флота, по потонувањето на бродот „Москва“ во април, како и началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов.

Герасимов, според британското Министерство за одбрана, можеби и сè уште е на функција, но, најверојатно, ја изгубил довербата на Путин, јави Би-би-си.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.