Украина може да смета на германската поддршка, но НАТО сигурно нема да војува со Русија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Во Бундестагот побара поддршка од опозицијата за опремување на армијата.

„Претседателе Зеленски, Украина може да смета на нашата помош“, рече сојузниот канцелар Олаф Шолц пред германскиот парламент. Тој потсети дека Германија од почетокот на војната испраќа оружје и воена опрема за да учествува во невиден пакет-санкции. Како што рече социјалдемократскиот канцелар, санкциите функционираат и постепено ќе се заоструваат.

Шолц додаде дека слушнал гласови што бараат НАТО да гарантира зона на забранети летови над Украина или да испрати мировници.

„Колку и да е тешко, ние нема да ги исполниме тие барања“, рече Шолц. Мора да се избегне директна конфронтација меѓу НАТО и Русија“, и додаде: „НАТО нема да стане страна во војната“.

Според Шолц, рускиот претседател Владимир Путин во моментот ја уништува иднината на својата земја.

„Путин мора да ја чуе вистината за војната во Украина“, рече тој, „а таа вистина е: Војната ја уништува Украина. Но, војната ја уништува и иднината на неговата земја. НАТО и ЕУ се обединети како никогаш досега“, рече Шолц.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.