Руски конвој долг повеќе од 60 километри е снимен со сателит.

Драматични сателитски снимки објавени од Максар Технолоџис (Maxar Technologies) покажуваат огромна колона руски воени возила долга повеќе од 60 километри како се движи по патиштата северозападно од Киев – објавија неколку западни медиуми.

Според американските медиуми, забележани се и нови руски сили во Белорусија, долж границата со Украина, како и напаѓачки хеликоптери кои исто така биле снимени во областа.

Според западните аналитичари, акумулацијата на сили во Белорусија повторно укажува на голем напад врз Киев.

Во текот на ноќта имаше големи битки и во други делови на Украина.

Официјални украински извори ги потврдија информациите дека 70 украински војници загинале во напад на воената база на половина пат меѓу Киев и Харков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.