Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска им наредил на припадниците на Националната гарда на Флорида да ја напуштат Украина и да бидат префрлени „некаде на друго место во Европа, стои во соопштение на Пентагон, а пренесува Си-Ен-Ен.

Наведено е дека 160 американски војници, припадници на Националната гарда, од ноември се во мисијата за обука во Украина.

Тие ја напуштаат Украина и ќе бидат преместени на друго место во Европа. Министерот за одбрана ја донесе оваа одлука како мерка на претпазливост, водејќи се првенствено од безбедноста на нашите членови и насоките на Стејт департментот за американскиот персонал во Украина, се наведува во соопштението на Пентагон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.