Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко, на социјалните мрежи објави дека руските војници почнале да издаваат пропусници за движење низ градот на граѓаните што останале.

Иако Андриушченко во моментов не е во Мариупол, тој на Телеграм сподели фотографија на која се гледаат луѓе кои стојат во ред.

Стотици граѓани треба да застанат во ред за да добијат пропусница, без која следната недела ќе биде невозможно не само да се движат меѓу градските квартови, туку и да бидат на улица – напиша тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.