Според последните информации, извидничкиот вод на 74-та бригада на руската армија во близина на Чернобил се предала.

Руски војници денеска од територијата на Белорусија влегоа во зоната на поранешната нуклеарна централа Чернобил, изјави советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко.

Тој на својот канал на Телеграм додаде дека припадниците на Националната гарда кои го чуваат складирањето на небезбедниот нуклеарен отпад пружаат жесток отпор, пренесува Интерфакс Украина.

„Ако складиштето за нуклеарен отпад биде уништено како резултат на непријателски напади, радиоактивната прашина може да ги покрие териториите на Украина, Белорусија и земјите од Европската унија“, предупреди Герашченко.

Извидувачкиот вод на бригадата руски војници им се предал на украинските сили во близина на Чернобил, јави наредникот на војската на Украина.

Никој не помислил да ве убие, ние сме тука да собираме информации“, рекол рускиот функционер.

Информацијата за предавање на руски војници ја потврди и амбасадорот на Украина во САД.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека руските сили се обидуваат да го освојат Чернобил.

„Нашата одбрана ги дава своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година. Ова му го пријавив на шведскиот премиер, бидејќи тоа е кршење на објавата на војна на цела Европа“, напиша тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.