Руските воздухопловни сили уништиле хангар со американските самоодни хаубици од моделот „М777“ и 30 украински борци во регионот на одметната источна украинска област Доњецк кој сѐ уште е под контрола на украинските сили, како и позиција на украинскиот баталјон „Торнадо“ во близина на градот Дњепропетровск, соопшти меѓу другото на редовниот дневен брифинг руското министерство за одбрана.

Како што во беше објавено во Москва во информации кои не можат да се проверат од независни медиуми, руската борбена авијација извела напад во местото Часов Јар врз хангар во кој биле чувани американските хаубици „М777“ со калибар 155 милиметри, и притоа загинале до 30 украински борци кои ги „гранатираа станбените области во Доњецк“ на територијата која ја контролираат проруските сепаратисти.

Станува збор за ткн влечни хаубици „М777“ со калибар од 155 мм развиени од британската компанија „BAE Systems“ кои ги заменија потешките самоодни хаубици „М198“ во составот на американските Копнени војски. Се наоѓаат во составот и на армиите на Австралија, Канада, Индија, Саудиска Арабија и Украина, а нивното прво борбено користење било во војната во Авганистан.

Дострелот на хаубиците „М777“ со конвенционални проектили е до 25 километри, а со специјална муниција до 40 километри. САД, Канада и Австралија на крајот од април најавија дека Киев ќе го снабдат со ова оружје и соодветната муниција. Според западни извори, овие хаубици биле испорачани на Украина без GSP систем, за да не бидат откриени и доколку бидат запленети од руската војска, односно според „клаузулата за заштита на технологијата“.

Руското министерство за одбрана на 18-ти мај првпат известија дека во удар со беспилотни летала биле уништени хаубици од споменатиот тип од американско производство, на истокот на Украина.

Истовремено во саботата портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков за новинарите изјавил дека крај Дњепропетровск, во близина на линијата на раздвојување на завојуваните страни, кој во петокот вечерта го посети украинскиот претседател Владимир Зеленски, била уништена единица на баталјонот „Торнадо“, за кој Москва тврди дека е составен од припадници на украинските екстремни националистички и неонацистички движење.

„Во реонот на Зеленодолск во Дњепропетровската област, со високо прецизно оружје беше уништена привремена позиција на националистичкиот баталјон ‘Торнадо’, при што се уништени повеќе од 40 борци и до 10 единици вооружување и воена опрема“, рекол Конашенков.

Додал и дека бил погоден и стационарна позиција на артилерискиот баталјон на 72-та бригада на украинските вооружени сили, во близна на местото Соледар во Доњецката област. Како резултатот на овој напад, според руското министерство за одбрана, загинале „повеќе од една третина“ од вкупниот состав на единицата, како и повеќе единици оружја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.