Претставникот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков изјави денеска дека вооружените сили на Руската Федерација и самопрогласената „Народна Република Доњецк“ презеле целосна контрола врз стратешкиот град Лиман во источниот дел на Украина.

По заедничка операција на милицијата на Народна Република Доњецк и руските вооружени сили, градот Лиман е целосно ослободен од украинските националисти, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Изјавата доаѓа откако вчера проруските сили на самопрогласената „Народна Република Доњецк“ соопштија дека воспоставиле целосна контрола врз Лиман.

Украинските и руските сили се бореа неколку дена за контрола врз градот Лиман.

Лиман беше важен железнички центар и пристапна точка до важни железнички и патни мостови преку реката Сиверски Доњец.

За Лиман утринава на Твитер се огласи и британското Министерство за одбрана, кое соопшти дека градот е окупиран од руските сили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.