Неколку луѓе се убиени во денешното пукање во трговски центар во Копенхаген. Шефот на полицијата Серен Томасен изјави дека 22-годишен Данец е уапсен во врска со пукањето.

„Мотивот засега не е познат и не можеме да ја исклучиме можноста дека е терористички чин“, кажа Томасен.

Очевидците велат дека настанала голема паника во трговскиот центар „Филдс“ во јужниот дел од градот откако почнало пукањето.

„Напаѓачот носеше ловечка пушка“, изјави еден очевидец.

Томасен кажа дека е прерано да се зборува за бројот на жртвите, но додаде дека немало други напаѓачи.

„Филдс“ е најголемиот трговски центар во Копенхаген со повеќе од 140 продавници и ресторани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.