Германскиот канцелар, Олаф Шолц, изјави дека смета оти рускиот претседател Владимир Путин, однаоред донел одлука за воената операција во Украина.

Јас мислам дека одлуката да се почне војната е донесена една година претходно или можеби уште порано, затоа што тој се подготвуваше за тоа. Па затоа тој ќе биде во можност да продолжи со војната уште долго време – изјави Шолц во интервју за „Си-би-ес“.

Шолц призна дека било грешка што европски земји станале зависни од руската енергија.

Ние требаше да инвестираме во инфраструктурата низ Европа што ќе ни дава можост да смениме набавка, од ден за ден. Ова е лекција научена во Европа и на многу други места, дека треба да се биде подготвен, подготвен за ситуација како оваа – појасни германскиот канцелар.

На прашањето колку Германија троши за руски увоз на енергија, тој само одговори дека сумата се намалува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.