Италијанската професорка Цизија Паолина Де Лио од средно училиште добила отказ откако било откриено дека во нејзината 24-годишна кариера, 20 години не одела на работа. Таа 24 години предавала литература и филозофија во училиште во Чиогија, во близина на Венеција, а се појавувала на своето работно место само четири години. Цизија наводно користела комбинација од боледување и одмор, како и дозволи да присуствува на конференции, за да ги избегне предавањата. Некако успеала да ги избегне секојдневните обврски со децении.

Но, тоа не значи дека седела со скрстени раце кога била надвор од училницата. Успеала да стекне квалификации за терапија за домашни миленичиња и криминологија, пренеоа италијанските медиуми.

Нејзините ученици стапиле во штрајк откако била фатена како испраќа пораки во текот на писмените испити и дели оценки кои не одговарале на вистинскиот постигнат успех на учениците.

Во едно од нејзините ретки појавувања на училиште, гостувачкиот инспектор кренал узбуна откако забележал дека изгледа збунето и дека измислува лекции за учениците додека предава.

Госпоѓата Де Лио добила отказ од училиштето каде што била вработена, но по жалбата е вратена на работа. Сепак, судијата ја поништил одлуката откако дознал дека таа била во училиште само четири од 24 години колку што била вработена.

Де Лио изјавила дека ќе ја објави нејзината страна од приказната. Професорката која сега работи како новинарка изјавила дека со задоволство би ги споделила фактите, но не веднаш. Де Лио тврди дека има документи кои можат да ја докажат вистината.

Сепак, кога новинарите од италијанска „Република“ се обиделе да дојдат до нејзина изјава и ја контактирале, таа не била расположена за разговор.

Жал ми е, но јас сум на плажа во моментов. Не одговарам на новинарски прашања кои не соодветствуваат со вистината на мојата приказна“, рекла таа.

Госпоѓата Де Лио не е единствената италијанска  работничка која „исчезнала“ од своето работо место во последните години.

Член на персонал во болница во јужниот град Катанцаро е обвинет во 2021 година дека престанал да се појавува на работа од 2005 година. Локалните медиуми објавија дека е вкупно платен околу 464.000 фунти во текот на 16 години колку што е обвинет дека не одел на работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.