Приходите од нафта и гас во рускиот буџет се двојно зголемени. Буџетските приходи од таксите за екстракција на нафта и гас се зголемиле за 90 отсто минатиот месец во однос на претходната година на речиси 1,31 трилиони рубљи (14,1 милијарди долари), соопшти руското министерство за финансии.

Даноците на нафтата и нафтените деривати, кои сочинуваа повеќе од 86% од вкупните приходи од јаглеводороди минатиот месец, најмногу придонесоа за растот, покажуваат пресметките на „Блумберг“.

Зголемувањето на буџетските приходи уследува по порастот на цената на сировата нафта од Урал, поранешната главна извозна марка на Русија. Во март 2023 година, по воведувањето на западните санкциите, цената просечно изнесуваше 47,85 долари за барел. Една година подоцна, неговата цена порасна на просечни 68,34 долари за барел, според пресметките на „Блумберг“ врз основа на податоците од „Аргус медиа Лтд“.

Очигледно, вистинската цена на нафтата е повисока, со оглед на истите податоци на „Голдман Сакс“ и „Платс“, според кои пред три недели попустот меѓу Урал и Брент не бил повеќе од 4-5 долари за барел.

Даноците за производство на нафта се зголемиле за 88% до 803 милијарди рубли во март.

Приходите од данокот на доход, кој покрива половина од производството на нафта во земјата, се зголемијале за 166% на 587,5 милијарди рубли.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.