Данска ќе додели уште 90 милиони евра воена помош за Украина, а Шпанија 200 тони воен материјал, соопштија премиерите на двете земји, кои беа во посета на Украина.

За време на посетата на Киев, Мете Фредериксен изјави дека Данска ќе и даде на Украина оружје во вредност од 90 милиони евра, со што вкупната воена помош на скандинавската држава ќе се зголеми на 146 милиони евра.

Фредериксен ја посети Бородјанка, предградие на главниот град на Украина, заедно со шпанскиот премиер Педро Санчез

Брод на шпанската морнарица  отплови за Полска со 200 тони муниција и опрема. Превезува 30 камиони, неколку специјални возила за тешки товари и 10 помали возила со воен материјал кои ќе бидат пренесени во Украина – изјави Санчез.

Официјален Мадрид досега на Украина и испорача десетина авиони со воен материјал.

Нема да го напуштиме украинскиот народ – напиша Санчез на Твитер.

Двајцата левичарски владини лидери потоа се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.