Според проценките на воениот порталот „The War Zone“, за прв пат се појави видео од кинеската бродска балистичка ракета за гаѓање од најнапредните воени бродови.

Имено, на интернет се појави видео на кое се гледа еден од најголемите кинески ракетни разурнувачи од типот „055 стелт“, од кој се лансира нов мистериозен проектил.

Иако, не е сосема јасно за каков проектил се работи и каков концепт на операции поддржува, секако постојат различни можности, наведува порталот.

На видеото се гледа проектил кој бил „ладно лансиран“, а потоа се движи во воздух лансиран со ракетен мотор, пренесува „The War Zone“.

Во текстот се наведува дека оружјето на видеото најверојатно е противбродска балистичка ракета лансирана од морето, за која се шпекулира дека е развивана подолго време.

Распоредувањето на ваквото оружје на море би имало значителни последици, бидејќи способностите на Кина за противбродски балистички ракети се само копнени, а се развива и еден вид проектили лансирани од воздух.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.