Русија забрани воена соработка со 74 странски компании поради западните санкции, објави Кремљ.

На списокот има компании од различни „непријателски земји“, меѓу кои и 20 од Германија. Вклучува и компании од Бугарија, Британија, Канада, Чешка, Естонија, Литванија, Словачка, Црна Гора, Полска и САД.

По руската инвазија на Украина на 24 февруари, многу земји како и ЕУ воведоа санкции кон Русија.

Русија редовно одговара со контрамерки. Во мај забрани водење бизнис со околу 30 компании, повеќето од нив поранешни подружници на Газпром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.