Папата Франциско изјавил дека „лаењето на НАТО пред вратите на Русија“ можеби довело до инвазијата на Владимир Путин на Украина, пишува „Politico“. Папата додал дека понудил да се состане со рускиот претседател во Москва.
Во интервју за италијанскиот весник „Corriere della sera“ зборувал за агресијата на Русија над нејзиниот сосед и рекол дека, иако можеби не би одел толку далеку да каже дека присуството на НАТО во блиските земји ја испровоцирало Москва, сепак „можеби ја олеснило“ нејзината одлука за инвазијата.
Папата исто така ја осудил бруталноста на војната и ја споредил со граѓанската војна во Руанда во 1990-тите, која резултирала со геноцид над малцинството Тутси.
Ватикан од средината на март бара состанок со Путин во Москва, рекол папата.
„Секако дека нам ни беше потребен лидерот на Кремљ да ја одреди временската рамка на состанокот. Се уште не добивме никаков одговор и се уште се обидуваме, но се плашам дека Путин не може и не сака да се одржи тој состанок во овој момент“.
Папата Франциско рекол дека го откажал состанокот со патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.