Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека државјаните на Русија кои се мобилизирани во рамките на делумната мобилизација ја минуваат борбената обука во центрите за обука на Министерството за одбрана и на заднинските полигони.

Московскиот весник „Известија” јави дека обуката се одвива во еден од центрите за обука на Јужниот воен округ.

Мобилизираните граѓани минуваат обука за модерна борбена тактика, прва помош и употреба на комуникации на бојното поле. Посебно внимание се посветувало на воената топографија, инженерската обука, основите на радијациска, хемиска и биолошка зашти а.

Војниците се обучуваат да пукаат со автомати „Калашников”, лесни митралези „Калашников” и фрлачи на гранати RPG-7V.

Министерството за одбрана на Русија додава дека по завршување на обуката, на сите единици со мобилизирани граѓани и доброволци ќе им се довери контролата и одбраната на „ослободените територии”, како што Москва ги нарекува териториите во Украина кои се под нејзина контрола.

Рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември прогласи делумна мобилизација во земјата и воените власти веднап најавија дека ќе се мобилизираат 300.000 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.