Одлуката на Европската комисија во врска со транзитот на стоките кон руската балтичка енклава Калининград е пројава на „реализам и здрав разум“, изјави во средата портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Додаде дека Москва сега внимателно ги проучи појаснувањата дадени од ЕК и ги анализира од аспект на приоритетната задача „сеопфатно осигурување на животните услови во Калининградската област“.

Претходно литванското министерство за надворешни работи објави дека Вилнус ќе ја почитува препораката на ЕК и ќе го овозможи транспортот на санкционирани од Европската унија на руските стоки преку нејзината територија, што беше запрено на 18-ти јуни.

Во објавата на литванската дипломатија, исто така, се наведува дека „претходните трговски правила, според кои транспортот на стоките под санкции бил блокиран, бил прифатлив“.

Литванија смета дека правилата за транзитот до Калининград можат да создадат „неоправдан впечаток дека трансатлантската заедница го ублажува своите ставови и позицијата кон Русија“, во заднината на војната во Украина и жестоките западни антируски санкции.

Меѓутоа, Европската комисија претходно во средата, всушност се согласи со тврдењето на Русија дека транзитот на стоки до нејзината енклава преку територија на друга земја според меѓународните правила се третира како внатрешен транспорт зашто станува збор за територија на една земја.

Комисија, имено, оцени дека „не би требало да постои никаква забрана“ за транзитот на стоки преку железницата меѓу руската енклава Калининград и матичната Русија, со исклучок на воена опрема, повикувајќи истовремено на „целени и сразмерни“ контроли.

Од Брисел ги прецизираа прописите кои земјите членки на ЕУ може да ги применуваат во рамките на антируските санкции. Насоките на ЕУ, според тоа, потврдуваат дека патниот транспорт на руските стоки под санкции не е дозволен, но дека не постои никаква слична забрана и за железничкиот транспорт, појаснува ЕК во денешното соопштение. Покрај тоа, стоките кои потпаѓаат под хуманитарните категории, како храна, лекови, хигиенски производи, се изземени од санкциите на ЕУ.

Калининградската област, којашто граничи со Литванија и Полска, членки на ЕУ и НАТО, зависи од патниот и железничкиот превоз на стоки низ литванската територија кој е далеку побрз и поевтин отколку преку поморскиот транспорт.

Европските функционери, по инсистирање на Германија, настојуваат да постигнат компромис по прашањето на Калининград, но сред извори на Reuters, Литванија остро се противела и изразувала „сериозни резерви ко кое и да е решение коешто би можело да се толкува како попустливост кон Русија“.

Едно од решенијата коешто се споменуваше, беше идентично со тврдењето на Москва, дека транспортот и сообраќајот меѓу Русија и Калининград не се смета за меѓународна трговија, бидејќи станува збор за руска територија, како и дека врз основа на тоа и на меѓународните прописи тоа треба да биде изземено од санкциите. Тогаш, како што впрочем и се случува повеќе години, тие стоки не би смеело да се извезуваат, туку исклучиво да се користат во енклавата.

Под моменталните санкции на ЕУ е забранет увозот и транспортот од Русија на железо, челик и метали до Калининград низ земјите членки, а на тоа од понеделникот се додаваат и цементот и алкохолите, Јагленот ќе биде забранет во август а нафтата и нафтените деривати во декември, затоа што во Европа имаат потреба од нив. Оттаму на крајот половината од товарите за Калининград ќе бидат на листата на санкции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.