Израелската армија денеска соопшти дека во судирите во јужниот дел на Појасот Газа загинал еден војник, а 13 се повредени.

Во соопштението се наведува дека загинал 21-годишен војник, а од повредените шестмина се во тешка здравствена состојба.

Израелската армија истакна дека од 7 октомври минатата година кога почна војната во Појасот Газа загинале 587 војници, од кои 247 во текот на копнената инвазија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.