Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по завршувањето на самитот на НАТО во Мадрид денеска повторно направи гаф, погрешно велејќи дека неутралната Швајцарија влегува во НАТО – наместо Шведска.

Американскиот лидер брзо се поправи, шегувајќи се дека мора да е возбуден поради процесот на проширување на Алијансата.

Бајден ги даде своите коментари на крајот од самитот на НАТО во Шпанија, каде одличната вест беше дека Турција ги повлече своите приговори за приклучување на Шведска и Финска во алијансата.

Тој го опиша процесот како двете нации поднесоа барање по инвазијата на Владимир Путин на Украина. Најпрво пристигна покана од лидерот на Финска, со која се побара да ја посети Белата куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.