Во 19 окрузи во Романија има силен ветер, односно портокалов код. Предупредувањето за тешки временски услови важи и за Букурешт, каде досега има најмногу итни повици.

Силните ветрови соборија 31 дрво и четири столбови, искршиле билборди и оштетиле 16 автомобили во романската престолнина, соопшти Одделот за итни случаи. Ветерот носи и облаци од сахарска прашина, која денеска минува над Романија.

Маневрите во пристаништата на Црното Море се прекинати.

Возовите меѓу Ваља Калугарјаска и Плоешти привремено запреа откако дрво падна на пругата. Пожарникарите работат и на гаснење на пожар во вегетацијата кај пругите.

-На ниските места брзината на ветерот е меѓу 55 и 80 км/ч. Во високите делови на планините очекуваме да надмине 90-110 км/ч. Можно е ветерот да стане урагански и на места да има невреме, известува Националната метеоролошка управа.

Поради лошото време, 5.000 луѓе останаа без струја во областа Прахова. Ситуацијата во Плоешти беше комплицирана, каде неколку дрвја паднаа на коловозот или на електрични кабли. Несреќи имало и во седум населени места во областа Харгита. Во населбата Вранча, струја немаат 13.218 претплатници, пренесе БТА.

Во некои региони од земјава температурите паднаа и до 13 степени во однос на вчерашните рекордни вредности на места.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.