Ситуацијата во Москва ја коментираше и Џон Кирби, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден.

Засега нема индикации дека Украина или Украинци се вмешани во нападот. Ние внимателно ја следиме ситуацијата, но во оваа рана фаза сакам да ве уверам дека тоа на никаков начин не е поврзано со Украина“, рече Кирби.

На прашањето дали ова е знак дека се појавуваат пукнатини во режимот на Владимир Путин, Кирби рече:

Има луѓе во Москва и во Русија на кои им пречи начинот на кој Путин ја води земјата, но во овој момент не можеме да го поврземе тоа што се случува со било каква политичка мотивација. Ни треба повеќе време, треба да собереме повеќе информации.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.