Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, потврди дека денеска се случила страшна трагедија кога неколку маскирани напаѓачи отвориле оган во концертната сала на трговскиот центар „Крокус сити“ и повеќе од 40 луѓе ги загубиле животите, а повеќе се повредени.

Околу 100 луѓе останале заробени во зградата, а во моментов е во тек спасувачка операција.

Сочувствувам со роднините на загинатите – рече тој и нагласи дека на ранетите ќе им биде укажана сета потребна помош.

Собјанин е првиот функционер кој проговори за нападот во трговскиот центар во Москва, но се уште нема официјални информации што се случило.

Сепак, според достапните информации од итната помош, повеќе од 100 лица се повредени, а најмалку 40 го загубиле животот.

По пукањето објектот почнал да гори, а пожарот се проширил на целата површина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.