Еден од очевидците на терористичкиот настан кој попладнево се случи во концертна сала во Москва, Русија ги опишува напаѓачите.

Беа најмалку петмина, имаат брада. Се однесуваат како тренирани и обучени милитанти. Наоружани се со со јуришни пушки АКМ. Некои од нив носат разна муниција. Најмалку двајца од напаѓаите носеа ранци, веројатно полни со молотови коктели, раскажува очевидецот.

Според него, пукањето почнало истовремено и во гледалиштето и во фоајето, каде што во тој миг имало многу народ. Териристите ги запалиле седиштата во холот и пожарот се проширил скоро по цела зграда.

Пожарникарите евакуирале околу 100 луѓе, а гостите во салата се спасуваат од кровот, со помош на скали за подигнување кои ги користат пожарникарите соопшти Министерството за вонредни ситуации.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.