Три момчиња се ранети во пукање на Тајмс сквер во Њујорк додека туристите бегале да се засолнат, соопшти денес полицијата.

Пукањето се случило во 42-та улица во близина на Седмата авенија во понеделникот околу 22:50 по локално време, соопшти полицијата.

Момчиња од 15 и 18 години се ранети во нога, а брза помош ги пренела во болница.

Третото момче, седумнаесетгодишник, приватно бил префрлен во друга болница и е исто така во стабилна состојба.

Напаѓачот избегал од местото на инцидентот.

Полицијата соопшти дека на снимките до кои дошле се гледа дека напаѓачот се карал со жртвите, кои биле дел од поголема група, пред пукањето. Набрзо потоа отворил оган.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.