Најмалку шест лица загинаа, а девет се повредени во инцидент со пукање во центарот на Сакраменто, Калифорнија, соопшти полицијата.


Полициската управа на Сакраменто соопшти дека пукањето се случило рано утринава.

Засега не е познато во каква состојба се повредените.

Како што јавуваат медиумите, маж од автомобил отворил оган кон луѓето во близина на ресторанот „Ел Санто“, испукал 50-ина куршуми, а потоа избегал од местото на настанот.

Полицијата на Твитер објави дека на местото на несреќата ќе останат голем број полицајци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.