Повеќе од 4.000 луѓе, главно жени и деца, досега избегаа од Украина во Молдавија.

Се уште не е познато дали планираат да останат таму или ќе продолжат кон Романија. Се шпекулира дека е можно причината да е толку голем број жени и деца бидејќи украинските власти задржуваат мажи кои можат да се борат, но тоа не е потврдено.

– Очекуваме многу поголеми бројки, изјави за Би-Би-Си Роланд Шилинг, регионален претставник на агенцијата за бегалци на ОН.

– Свесни сме за големиот број барања на бегалци на граничните премини. Подготвуваме хуманитарен одговор во соработка со другите агенции на ОН, додаде тој.

ОН претходно предупредија дека инвазијата на Украина може да предизвика огромна бегалска криза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.