Мета предупреди дека Фејсбук и Инстаграм би можеле да бидат затворени во Европа доколку не ги префрлат податоците на американските сервери.

Мајката компанија на Фејсбук го објави ова соопштение во својот годишен извештај до Комисијата за хартии од вредност на САД.

Mета ја обвини Европската унија, која им изрече астрономски казни на гигантите како Епл и Гугл, дека влијаела врз нејзините критични операции и регулативите од регулаторите, судовите и законодавните тела.

ЕУ има строги барања за заштита на податоците во врска со преносот на лични податоци од Европа во САД.

Мета моментално се потпира на Стандардните договорни клаузули за пренос на податоци, за кои компанијата предупредува дека може да бидат предмет на „регулаторна и судска проверка“.

Иако Мета користи сервери лоцирани во ЕУ, преносот на податоци помеѓу серверите е меѓу главните конкурентни елементи на компанијата.

Соодветно на тоа, компанијата споделува податоци помеѓу серверите со цел да ги одреди потребите на корисниците и да направи правилен избор за рекламирање според публиката.

ЕУ засега не направи чекор назад од ова правило. Мета, од друга страна, објасни дека како последно средство можеби ќе треба да донесе одлука како затворање на Фејсбук и Инстаграм за земјите од ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.