Во интервју за францускиот канал LCI , францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека ситуацијата „од ден на ден се влошува“ во Украина и го осуди „моралниот и политичкиот цинизам“ на рускиот претседател Владимир Путин.

Руските власти објавија дека на цивилите кои бегаат од украинските градови ќе им биде дозволено да заминат само во Белорусија или Русија, што е спротивно на првичниот повик упатен во неделата од Макрон до Путин, барајќи од него да спроведе прекин на огнот и да ги заштити цивилите.

Не познавам многу Украинци кои сакаат да одат и да се засолнат во Русија, тоа е лицемерие…, рече Макрон.

Тој го опиша потегот како „артефакт на комуникација што го осудувам“, додавајќи: „Сето тоа не е сериозно, Тоа е морален и политички цинизам, ова за мене е неподносливо“, додаде тој.

Франција, рече Макрон, „не успеа да постигне прекин на огнот“ во Украина и „ситуацијата денес е позагрижувачка од вчера…“

Но, францускиот претседател наведе три приоритети во сегашниот пристап на кризата, вклучително и да се избегнат катастрофи врз цивилите од нуклеарните постројки, да продолжи хуманитарната акција и да продолжат „обидите се да се олеснат разговорите меѓу Украина и Русија“.

Франција, додаде тој, ќе продолжи со притисокот врз Русија преку санкции и преку поддршка за Украина.

Она што сакаме е да ја запреме оваа војна и во исто време да не станеме воинствени, рече Макрон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.