Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров синоќа со авион полета за Пекинг, но, некаде на половина пат, над Сибир, се врати на аеродромот во Москва, дознава германски Билд. Како што наведува медиумот, авионот поминал околу 2.800 километри, пред да се врати на аеродромот.
Не е јасно што точно се случило, додава медиумот, дали Пекинг можеби одбил да го прими Лавров или, пак, Путин му наредил да се врати назад.

Дали е неизбежна нова руска ескалација на конфликтот? Што значи откажувањето на патувањето за Кина, за војната во Украина и ситуацијата во Кремљ?, прашува Билд.

Медиумот потсетува дека според одредени американски извештаи, Москва побарала и финансиска и воена помош од Пекинг, нешто, што двете земји го демантираа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.