Конфликтот во Украина го испровоцира Западот, во тоа веќе нема ни најмал сомнеж, истакна денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, информирајќи го својот намибиски колега Пејавали Мушеленга, со кого се сретна во Москва, за ситуацијата во Украина, за текот на специјалната операција и за ре4шавањето на украинскиот судир, пренесува „Спутник“.

Лавров говореше и за терористичкиот наопад во московската концертна сала „Крокус сити хол“, истакнувајќи дека на Русија не ѝ е потребна помош од Западот, кој покажува војни стандарди.

Од една страна, сигурен сум дека ќе успееме да се справиме со оваа истрага, а од друга страна, не ни е потребна помош која очигледно би била манифестација на двојни стандарди и насочена кон туркање на теорија поволна за Западот дека зад нападот во „Крокус“ стои ИД и дека Украина нема никаква врска со тоа. Уште еднаш велам: Сами ќе го решиме тоа, рече Лавров.

Тој оцени и дека подготвеноста на Интерпол да помогне во истрагата поврзана со нападот е неочекувана.

Ден по нападот, кога на Запад се слушна дека Исламска држава, а не Украина е одговорна, одеднаш, неочекувано, раководството на Интерпол објави дека е подготвено да помогне во истрагата, рече Лавров.

Потсети дека слични иницијативи немало претходно ни во случаи на кои исто така им било потребно вниманието од меѓународната заедница, како на пример за саботажата на „Северен тек“.

Денеска во јавноста се случна и првото директно обвинување од Русија дека Украина стои зад нападот во „Крокус“. Имено, на прљашањето дали зад терористичкиот напад стои Украина или џихадистичката група Исламска држава, секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, истакна: „Нормално, Украина“.

За потсетување, шефот на Истражниот комитет на Русија, Александар Бастрикин, објави дека според последните информации, бројот на загинатите во терористичкиот напад се искачи на 139.

Четворицата терористи, кои крвавиот напад го извршија за само 18 минути, биле пресретнати во областа Брјанск, на помалку од 100 км од руско-украинската граница, додека со бело „рено“ се обидувале да побегнат во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.