Најмалку 10 лица се убиени за време на упад на израелската армија во камп на северот на окупираниот Западен Брег.

„Безбедносните сили за време на судирите елиминираа 10 терористи“ во Нур Шамс, недалеку од градот Тулкарем, соопшти армијата.

Акцијата траела повеќе од 40 часа, а осум лица се уапсени.

Израелската армија тврди дека цел на упадите се членови на палестинската вооружена група, но меѓу жртвите често има и цивили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.