Најмалку 40 руски војници се повредени откако една коза со своето движење активира експлозив поставен околу болницата во Запорожје.

Украинската разузнавачка служба соопшти дека руски војници поставиле мини околу локалната болница во Запорожје, но козата која побегнала од фарма во село Кински Роздори, скокајќи ги предизвикала верижна експлозија, при што се повредени десетици војници.

Животното го добие името „Козата на Киев“, но не е познато дали козата преживеала.

Извор: МИА


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.