Израел ќе ги продолжи „интензивните“ борби против Хамас уште најмалку два месеци по „краткото“ примирје, изјави синоќа израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

Галант им се обрати на членовите на единицата за специјални операции на израелската морнарица.

„Тоа што ќе го видите во наредните денови е прво ослободување на заложниците. Тој одмор ќе биде краток“, рече тој, пренесува весникот „Гардијан“.

Галант им порачал на војниците за време на примирјето „да се организираат, да се подготват, да истражуваат, да надополнуваат оружје и да се подготват да продолжат“.

„Ќе има продолжение затоа што треба да ја комплетираме победата и да создадеме поттик за следната група заложници кои ќе се вратат само како резултат на притисокот. Се очекуваат уште најмалку два месеци борби“, рече Галант.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.