Израелската војска ги активирала сирените за воздушен напад во две села во близина на Појасот Газа, само неколку минути по стапувањето во сила на четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас.

Засега нема непосредна потврда дека се случиле ракетни напади од палестински милитанти на израелска територија или дека е причинета некаква штета, наведува британската агенција.

Утрово во 7 часот по локално време стапи на сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, со посредство на Катар.

Во часовите пред привремениот прекин на огнот, ракетни сирени се вклучија во израелските градови кои се граничат со Газа, а израелската војска извести за интензивни операции во палестинската енклава, во обид да ја унапреди својата операција против Хамас што е можно повеќе во последните часови пред паузата, објави „Тајмс оф Израел



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.