Италијанската влада, која се справува со остриот пораст на бројот на заразениет со коронавирусот, одлучи во средата да воведе задолжително вакцинирање за сите граѓани над 50 годинишна возраст.

Сакаме да ја израмниме кривата на заразените и да ги поттикнеме Италијанците кои сѐ уште не се вакцинирани да го сторат тоа. Особено ќе дејстуваме на возрасните групи кои се најмногу изложени на ризикот од хоспитализирање за да го намалиме притисокот врз болниците и да спасиме животи, изјави на седницата на владата на која е донесена одлуката, премиерот Мариод Драги, се истакнува во владиното соопштение.

Конкретно, законската уредна воведува задолжително вакцинирање за сите невработени над 50 години и поседување ковид-потврда за сите постари од 50 години вработени во јавниот или во приватниот сектор. Всушност, станува збор за обврска за вакцинирање за сите над 50 годин, бидејќи ковид-потврдата, којашто во Италија ја нарекуваат „зајакната здравствена пропусница“, се добива само по целосното вакцинирање или прележување на болеста.

Италија има 59 милиони жители, од кои 28 милиони се повозрасни од 50 години, објави Државниот завод за статистика (ISTAT).

Ковид-потврдата во моментов им е потребна на лица од одредени групи занимања, како што се здравствените и просветните работници, како и во силите на редот.

Во Италија остро расте бројот на заразените со омикрон варијантата на коронавирусот, и во средата пријави повеќе од 189.000 нови зарази, а во вторникот над 179.000. Во средата позитивни биле 17 отсто од тестираните. Во земјата во моментов позитивни се повеќе од 1.4 милиони луѓе.

Во Италија, првата земја којашто беше тешко погодена во пандемијата на коронавирусот, од почетокот на 2020 година починале над 138.000 луѓе од ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.