Италијанскиот премиер Марио Драги, по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, пред новинарите изјави дека целта на Италија е да го ослободи извозот на житарици блокирани во пристаништата на Црното Море.

Првата иницијатива што може да почне да се истражува е да се види дали може да се постигне соработка меѓу Русија и Украина за деблокирање на пристаништата на Црното Море – изјави Драги, пренесува „Ројтерс“.

Драги порача дека наскоро за тоа прашање ќе разговара со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.