Русија е „подготвена да помогне во решавањето на меѓународната криза со храна“, но само доколку Западот ги укине санкциите, му рекол рускиот претседател Владимир Путин на италијанскиот премиер Марио Драги, објави Скај њуз.

Путин рекол дека Русија е подготвена да извезува жито и ѓубрива за да се справи со кризата. Тој исто така рече дека Русија е подготвена да продолжи со непречено снабдување со гас за Италија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.