Иранските власти ја обвинија администрацијата на Соединетите Американски Држави дека не е искрена и сериозна во однос на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Кенани, изјави дека неодамнешниот израелски напад врз бегалскиот камп Нусејрат во Газа, во кој беа убиени неколку стотици палестински цивили, е „сурово и нехумано злосторство“.

Има информации дека американските и британските сили имале улога во оваа операција. Тоа значи дека во операцијата биле убиени повеќе од 700 невини Палестинци, рекол Кенани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.