Милијардерот Илон Маск кажа дека неговото преземање на Твитер е привремено стопирано. Објасни и зошто.

Договорот околу преземањето на Твитер привремено е на чекање за да видиме дали лажните профили навистина претставуваат помалку од 5 отсто од корисниците, објави Маск.

Маск на крајот на април го најави купувањето на Твитер за 44 милијарди долари. Тогаш се огласија и од компанијата.

Твитер потврдува дека постигна дефинитивен договор за купопродажба. Компанијата целосно ќе го аквизира ентитетот во сопственост на Илон Маск со 54.20 по акција. Трансакцијата се проценува на околу 44 милијарди долари. По завршувањето на трансакцијата, Твитер ќе стане приватна компанија, објави Твитер.

Акционерите на Твитер, во согласност со постигнатиот договор, ќе добијат 52,20 долари за секоја акција на Твитер која ја поседуваат во моментот на договорената трансакција. Куповната цена е 38 отсто поголема од берзанската цена на акцијата на Твитер на 1 април 2022, последниот ден на трговија со акциите пред господинот Маск да објави дека купил удел од околу 9 отсто, додаде компанијата.

Маск ќе стане сопственик на платформата која ја смета за „јавен дигитален простор на кој ќе се дебатира за суштински важни содржини за човештвото“.

Слободата на говорот е темел на демократијата, порача Маск.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.