Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека вакцинацијата на светското население против корона вирусут е драстично помала од предвидените планови на Светската здравствена организација (СЗО).

Минатата есен СЗО претстави стратегија за вакцинирање на 40 отсто од светското население до крајот на минатата година и 70 проценти до средината на 2022 година. Сега не сме ни блиску до постигнување на овие цели – истакна Гутереш.

Тој нагласи дека „ширењето на омикрон варијантата е мрачен потсетник дека борбата против корона вирусот мора да биде висок приоритет за светот“.

Сите земји и производители треба да постават приоритет да се обезбеди испорака на вакцини за земјите во развој преку механизмот Ковакс и да го поддржат производството на тестови, вакцини и лекови од земјите кои имаат ресурси за тоа – порача генералниот секретар на светската организација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.