Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази загриженост поради континуираната ескалација на ситуацијата околу Украина.

Гутереш смета дека нема никаква алтернатива за дипломатското решение, изјави .

Генералниот секретар на ОН останува загрижен за ескалацијата што ја гледаме. Го поздравуваме дијалогот на различни нивоа, со различни организации. На пример, преговорите во Нормандискиот формат во Париз, со НАТО, со ОБСЕ. За генералниот секретар, дипломатското решение нема алтернатива. ОН повикуваат на итни чекори за деескалација на тензиите и дипломатскиот процес да продолжи во духот на меѓусебното почитување и конструктивно решавање на проблемите – официјалниот претставник на генералниот секретар, Стефан Ѓујариќ, го пренесе ставот на Гутереш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.